Саудискиот Принц е ограбен синоќа во Париз. Тој останал без документи и 250.000 евра, објавува Le Parisien повикувајќи се на полициски извори.
Тоа било вистински филмски грабеж. Саудискиот принц до аеродромот Буржет, кој се наоѓа на 15 км од Париз, се возел со конвој од неколку возила. Меѓу 21 и 22 часот, вооружените бандити го запреле конвојот во 18. париски реон.
Ограбувачите биле вооружени со пушки од типот калашникови. На Принцот освен парите во готово му биле одземени и документи кои францускиот весник Le Parisien ги нарекува „чувствителни“. Еден од автомобилите кој бил дел од конвојот во нападот бил запален. Полицијата трага по сторителите.
Француските весници не го наведуваат името на Принцот.