Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Саутгејт: Затекнав хаос во репрезентацијата

0
By Нова ТВ on October 12, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Англискиот в.д. селектор се осврна на сликата што ја затекнал при преземање на привремената функција од Сем Алардајс и со пофални зборови за Џо Харт по ремито против Словенија (1:1) во Љубљана

Герет Саутгет, в.д. селектор на Англија, со остри тонови по мечот против Словенија (1:1) во мундијалските квалификации. Покрај тоа и со пофални зборови за голманот Џо Харт чии одбрани, според него, биле од пресудно значење за освоениот бод во Љубљана.

„Наследив хаос во репрезентацијата и моравме да го смириме бродот. Наша цел е пласман на Светското првенство и можеби овој бод н` води кон тоа“, истакна привремениот кормилар на „Гордиот Албион“ чиј договор со Фудбалската асоцијација се однесува на четири натпревари.

Саутгејт го наследи Сем Алардајс на клупата по скандалот минатиот месец во кој новинари на британски „Телеграф“ открија коруптивни навики на, сега, претходниот селектор. Во дебито на клупата ја совлада Малта на гости со 2:0, а синоќа ремизира против Словенија на Среќко Катанец, екс предводник на Македонија. Англичаните се лидери во групата Ф со седум бода, два повеќе од Литванците и Словенците.

„Свесни сме дека можеме подобро. Словенија направи шанси по наши грешки и при прекини и тука мора да се поправиме. Му должиме многу на нашиот голман за овој бод. Беше фантастичен. Кога е смирен е најдобар. И самиот го знае тоа“, додаде Саутгејт  чии избраници само трипати се заканија кон противничкиот гол.

Следен ривал на Англија во квалификациите за СП 2018 е Шкотска. Мечот ќе се одигра на 11 ноември на „Вембли“. Четири дена подоцна Англичаните ќе играат и пријателски натпревар против Шпанија, репрезентација на која ќе ~ гостува Македонија во Гранада на 12 ноември.

 

Англија селектор Сем Алардајс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.