Наташа Савова, пратеничката на СДСМ, за барањето на Шилегов да ја врати пратеничката функција, за НОВА изјави:
-Мандатот може да му го вратам само на тој што ми го дал, а тоа е народот, како реакција на барањето на Шилегов да даде оставка од пратеничката функција.
Оваа реакција на Савова, доаѓа по коментарот на Шилегов, кој се однесуваше на пишувањето на нејзиниот Фејсбук профил- дека актуелното раководство на СДСМ е канцерот на СДСМ и дека не би сакала да биде на листа на сегашниот СДСМ.
Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов излезе со изјава:
– Ако е тоа нејзиниот став тогаш имаме да изјавиме две работи. Прво срамно е човек кој што е избран за пратеник од членови и подржувачи на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во време кога СДСМ задава сериозни удари на власта, да ја напаѓа својата партија и така всушност да обработува за интерес на власта.
Второ, сметаме дека ако таа навистина ова го мисли единствено решение е да си поднесе оставка од функцијата пратеник на Социјалдемократскиот сојуз во Собранието на Република Македонија, рече Шилегов.
Ставот на Савова, напишан на нејзиниот ФБ профил го објавуваме во оргинал:
-хахаха :))) никако да се релаксираат од мене ситните брифери од сдсм… значи драги мои: 1. јас сама се повлеков и 2. и да ме поканите на листата на заев и шекеринска ке ви се заблагодарам на довербата, бидејки одбивам да бидам на листа на екипа која е “канцерот на сдсм” (цитирам изјава за вас на успешен министер од времето кога сдсм победуваше).
продолжете да си се натпреварувате со вмро кој повеке станови купил и градежно земјиште поделил…
Нејзиниот статус е одговор на текстот на Дневник- Макрадули, Савова, Бендевска и Станковиќ не се на листата на Заев?





