Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СБ на ОН: Русија контра западните земји во однос на случајот Навални

0
By Нова ТВ on September 11, 2020 СВЕТ
Фото: latimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Русија се судри со Германија и петте нејзини западни сојузнички на седницата на Советот за безбедност на ОН заради случајот со труење на рускиот опозициски активист Алексеј Навални.

Рускиот амбасадор во ООН Василиј Небензиа побара докази дека нервниот отров Новичок е користен против критичарот на Кремљ, додека германскиот амбасадор Кристоф Хојсген. рече дека наодите се предадени на Меѓународната агенција за забрана на хемиско оружје.

Конфликтот меѓу Русија и Германија се одвиваше на месечната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, на која присуствуваа и амбасадорите на САД, Белгија, Велика Британија, Естонија и Франција, кои изразија загриженост за тврдењето на Берлин дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални бил жртва на напад со хемиско оружје.

Амбасадорот на Велика Британија, Џонатан Ален, потсети дека сличен нервен отров бил користен на југот на Англија во 2018 година против рускиот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка. Тој посочи дека Велика Британија ги поддржува откритијата на Берлин за труењето на Навални и ја повика Русија да спроведе сеопфатна и транспарентна истрага во врска со овој случај и да ја поддржи Конвенцијата за хемиско оружје.

Американскиот заменик-амбасадор во ОН го осуди труењето на Навални и ја повика Русија да ги изведи пред лицето на правдата одговорните за овој инцидент.

Небензиа рече дека Русија е најзаинтересирана за да открие што се случило со Навални. Тој потенцираше дека додека се лекувал во Сибир, руските доктори не откриле присуство на отров. Затоа побара Берлин да ги сподели доказите,  по што Кристоф Хојсген. истакна дека тие ќе бидат предадени на Организацијата за забрана на хемиско оружје. Тој уште ја обвини Русија дека се обидува да го сврти вниманието од инцидентот и оти тоа не е прашање меѓу Германија и Русија, туку прашање на „меѓународна загриженост“.

Рускиот претставник рече дека ако Берлин не ги сподели доказите, Москва ќе смета дека Германија одбива да соработува и тоа „дефинитивно ќе ги наруши руск-германските односи и меѓународните односи во целина“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.