Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СБ потврди дека презедовме вистински мерки во справување со кризата, вели Бесими

0
By Нова ТВ on April 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 27, 2021 16:33

Министерот за финансии Фатмир Бесими смета дека најновиот извештај на Светска банка е објективен и претставува слика за сето она што се случуваше во македонската економија и она што се очекува во текот на годината.

– Она што е важно е дека во главните забелешки се укажува на фактот дека мерките што беа преземени придонесоа за ублажување на ефектите од ковид-кризата. Важно е тоа што препораката е да се продолжи со таквите мерки за поддршка на економијата и во текот на 2021 година, изјави Бесими,.

Во следниот период, како што истакна, ќе се продолжи во насока на закрепнување на економијата и создавање на одржлива основа за долгорочен, стабилен и забрзан економски раст.

Бесими нагласи дека кон средината на годината во зависност од економските движења извесно е дека ќе треба да се направи ребаланс на Буџетот.

– Сега сме во фаза кога се анализира реализацијата на Буџетот. Во првиот квартал имаме прилично добра реализација на приходите согласно нашите проекции и подобри во однос на првиот квартал минатата година. Кај расходната страна гледаме каде во наредниот период, според потребите, ќе има можност да се релоцираат дел од средствата и дел веројатно ќе треба да се додадат во Буџетот за да се поддржат мерките кои ќе ги соопшти Владата во зависност од потребите, изјави Бесими.

Повтори дека постојано се следат движењата во економијата и како пандемијата се одразува и согласно на тоа ќе се реагира и во следниот период.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.