“Дали за богатење и морал најдоа да зборуваат пратениците или функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои во 8-годишното владеење на грбот на граѓаните заработија милиони и успеаја да ја создадат најголемата сиромаштија од независна Македонија”, реагира СДСМ на нападите кои пред се на адреса на Радмила Шеќеринска, поради барањето за апанажа, беа упатени денес од собраниската Комисија за избори и именувања од членови на ВМРО-ДПМНЕ.
“Поранешните пратеници на СДСМ работеа 4 години во Собранието на Република Македонија, под неверојатни, недемократски услови, до исфрлувања од собраниската сала, како претставници на граѓаните кои гласаа за СДСМ, а не затоа што работа им дале Груевски и Велјаноски.
Пратениците на Никола Груевски, ако сакаат да покажат чесност и моралност и кон нивното членство и кон граѓаните на Република Македонија, за почеток нека поттикнат разврска на милионските афери на Никола Груевски и неговата тесна фамилија. Или таму не смејат да чепнат?”, велат опозиционерите.




