Прекин на собраниската седница и спикерот Влејановски да повика итна седница на Анкетната комисија за заштита на човековите права, процедурално на самиот почеток на денешната седница, побара координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски.
Како што рече тоа би било доказ дека ВМРО – ДПМНЕ се грижите за заштита на човековите права, законите и Уставот на РМ по скандалозните настани вчера кога беше спречен протестот на новинарите пред Музејот на македонската борба, настан кој тој ги спореди со состојбата во Србија во времето на Милошевиќ.
Ивановски побара еден час пауза, а Анкетната комисја итно да заседава и да даде одговор: Кој во МВР даде налог за да се спречи протестот?
Спикерот Трајко Велјановски рече дека тоа не е во негова деловничка надлежност.
По што жестоко го нападна Ивановски кој го нарече партиски послушник, а Велјановски ја прекина седницата и прогласи едночасовна пауза.




