„Денeска стигна најголемата потврда за лагите на Никола Груевски во врска со контроверзниот бизнисмен Субрата Рој, кој е уапсен во Индија.
Тоа е тој наводен индиски милијардер, Субрата Рој, што Никола Груевски и Зоран Ставрески го донесоа во Македонија и спектакуларно го провомовираа во прошетки со кајчиња“, рече Панче Орцев, пратеник на СДСМ.
„Додека цел свет пишуваше за неговата проневера во којашто ги оштетил индиските граѓани 4 милијарди долари, тие, Груевски и Ставрески, му ги дадоа на Рој најубавите плажи и најплодна државна земјоделска земја во Македонија.
– СДСМ бара Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески веднаш да излезат пред македонската јавност и да објаснат колкави штети им се нанесени на граѓаните на Република Македонија со оваа нивна екскурзија.
– Груевски му ги даде на Рој плажите на едно од најубавите крајбрежија во Охрид, Љубаништа, со можност, со бизнисите да влезе и во самото Охридско езеро, заштитено од УНЕСКО.
– Власта на Никола Груевски му ја даде најплодната почва на контроверзниот бизнисмен Рој во Овчеполието, кадешто наместо пченица, има трња. Ниту е почната најавената изградба на фарма за 20 000 крави, ниту има 2 000 нови вработувања. За жал се потврди дека сето ова е една уште една голема бесрамна и дрска лага од власта на Никола Груевски“, истакна Орцев.
СДСМ бара сите штетни последници од ова контроверзно бизнис партнерство да ги преземат лично Никола Груевски и неговата власт.




