Премиерот Груевски и државниот врв на Република Македонија се единствените кои ги знаат деталите од предлогот на медијаторот на ОН, Метју Нимиц, како и позициите на Република Грција, соопштуваат од СДСМ.
Социјадемократскиот сојуз на Македонија и опозицијата немаат никакви информации. Како и досега целосно сме исклучени од преговарачкиот процес.
СДСМ е одговорна политичка партија и вакви прашања, што се од врвен државен интерес, не може да ги коментира врз основа на информации пласирани во медиумите.
Македонскиот државен врв итно треба да ги повика на средба сите релевантни политички субјекти во Република Македонија. Да ги презентира информациите во каква фаза се преговорите и да ги запознае со позициите на македонската страна во спорот со Грција.




