СДСМ бара министерот за финансии Кирил Миноски да ги откаже аукциите на домашниот пазар на капитал откако од комерцијалните банки преку аукции на државни хартии од вредност и обврзници Финансии се задолжи со 9,2 милиони евра.
– Самото одржување на аукција на домашниот пазар на капитал во текот на вчерашниот ден е потврда дека власта на Никола Груевски не може да функционира без нови задолжувања. Малку им беа 450-те милиони евра со коишто ги задолжија граѓаните преку еврообврзницата, па уште Груевски преку Миноски вчера ги задолжи граѓаните со нови 9.26 милиони евра на домашниот пазар, реагира СДСМ.
Од најголемата опозициска партија на Миноски му порачуваат дека пред Управниот Суд на Р.Македонија сеуште се води постапка за законитоста на сите домашни аукции на државни хартии од вредност одржани од почетокот на 2016 година.
На вчерашната аукција беа понудени 3 и 6 месечни записи и 15 годишни обврзници.

