Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Бројчаникот на МАНУ можеби е блокиран, но во реалноста врти

0
By Нова ТВ on March 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 16, 2016 17:07

Социјалдемократскиот сојуз писмено реагира на одлуката на Македонската академија на науки и уметности да го тргне од веб-страницата бројчаникот кој го мереше јавниот долг во секунда.

„Зоран Ставрески, кумот на поранешниот премиер Никола Груевски, скриен како во бункер очајно се обидува да го спаси својот кумашин инволвиран во криминал до гуша.

Уште неуплатени средствата од вчерашната аукција на државни хартии од вредност, Зоран Ставрески денес објави проспекти за нова аукција. Побарува повеќе од 93 милиони евра.

Бројчаникот на МАНУ можеби е блокиран, но во реалноста тој врти, постојано се зголемува долгот на сите граѓани ви земјава.

Единствена грешка кај него беше темпото кое покажуваше задолжување од 3 евра во секунда.

Вистината е дека Владата на РМ, преку Министерството за финансии, во првите 75 дена од годината ги задолжува граѓаните на Р.Македонија со темпо од 9.5 евра во секунда.

Притисоците од страна на режимот кон институциите, судството и науката, само за кратко можат да ја одложат неизбежната казна кон сите оние кои прават злодела врз својот народ.“ се вели во соопштението на СДСМ.

По реакцијата на владејачката партија МАНУ го тргна бројчаникот од веб-страницата, но не отстапи од тоа дека сумите за задолжувањето се точни.

„Бројчаникот кој го мери јавниот долг на Република Македонија изразен во апсолутни броеви, но и релативно во однос на бруто-домашниот производ на земјата, е изготвен во рамките на Центарот за компјутерски науки и информатички технологии при МАНУ, за потребите на нивните истражувања, и е објавен од страна на соработник на Центарот, без претходно да биде информирано раководството на МАНУ и раководителот на Центарот.

Бројчаникот, според тоа, не изразува официјални ставови на МАНУ.

Академијата и секој нејзин член, и понатаму остануваат отворени за информирање на јавноста за нивната работа.” појаснија вчера од МАНУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.