Нема повеќе избори со фантомски, поткупени и уценети гласачи, нема повеќе избори со корумпирани медиуми и злоупотребени земјоделци, регираат од СДСМ.
Според нив локалните избори се доказ за криминалниот начин на нивното спроведување од страна на Никола Груевски.
„За волја на вистината, доколку изборите беа спроведени на фер и демократски начин во Струмица тие ќе за завршеа уште во првиот круг. Со криминално спроведените избори ВМРО – ДПМНЕ на своето конто прокнижи десетина илјади украдени гласови, кражба која што беше верификувана со скандалозни одлуки на Управниот суд на Р. Македонија“, велат во СДСМ.
– Во Македонија никогаш повеќе не смее да биде погазена волјата на граѓаните на криминални избори, сметаат тие.
– Прочистувањето на избирачкиот список и примената на препораките на ОБСЕ/ОДИХР не се опција, туку обврска за премиерот Груевски и ВМРО – ДПМНЕ од која бегање нема.
Ова е рекција на денешната изјава на премиерот Груевски дека пПроблемот не е до избирачкиот список, зашто со него Зоран Заев победи во Струмица на локалните избори.
„СДСМ ескивира избори инаку зошто не ги прифати викендот кога им беа понудени на тацна“ , рече премиерот.




