СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека наместо институциите да е огласат, тие говорат во нивно име, во контекст на вештачењето на аудио-снимката за Македонска банка, за која СДСМ вели дека има потврда дека гласот е на Никола Груевски.
-Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ е и Јавно обвинителство, и Управен суд, и полиција, и Антикорупциска комисија, и се во државата. Додека сите институции молчат, ВМРО-ДПМНЕ одговара во нивно име.
Нема поголем доказ дека во Македонија нема институции и дека се е партија.
Професионално вештачење од релевантна институција потврди дека гласот во аудио снимката за корупциската афера Македонска банка е на Никола Груевски.
Тој доказ е доставен до јавниот обвинител, Марко Зврлевски.
Да видиме дали сега обвинителот ќе се вади на застареност или мора да отвори случај за премиерот кој е на прагот да прави нова Влада, соопштува СДСМ.




