СДСМ најостро ја осудува злоупотребата на полициски сили против стечајците и граѓанските активисти при денешниот протест, се вели во соопштението на СДСМ.
-Власта на Никола Груевски не избира средства за да ги попречи елементарните човекови права загарантирани со Устав, какво што е правото на протест.
Секој кој сака да изрази различен став од оној на власта или кој ќе го крене гласот за остварување на своите права, се соочува со груба полициска интервенција.
Власта на Никола Груевски со злоупотреба на полицијата ги отстрани новинарите и пратениците од македонското Собрание на 24-ти декември. Со злоупотреба на полициска сила беше спречен протестот на новинарите кои достоинствено протестираа против притворот за новинарот Кежаровски.
СДСМ бара да прекине злоупотреба на полицијата од страна на власта на Никола Груевски.
СДСМ бара да се испита случајот и одговорност за пречекорувањата на овластувањата на полицијата за време на денешниот протест на стечајните работници и граѓаните кои излегоа да ги поддржат, се вели во соопштението на СДСМ.




