„Власта нема само омилени бизнис – уредници и омилени медиуми, кои добиваат милионски тендери. Владата на ВМРО-ДПМНЕ има и омилени фирми кои добиваат милионски бизниси“, објави денеска Дамјан Манчевски од СДСМ.
– Според официјални податоци на Бирото за јавни набавки, фирмата за обезбедување „Секјурити груп сервисис, ДООЕЛ Скопје“, во 2012 и 2013 година добила бизниси од различни субјекти со вредност од неколку милиони евра.
– Оваа фирма, СГС, основана во декември 2010 година, за само година и половина, од мај 2012 до ноември 2013 година склучила најмалку 28 договори со институции под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.
.jpg)
.jpg)
– Од добиените 28 тендери, од државни институции, дури 20 пати СГС била единствен учесник, објавува СДСМ.
Тие прашуваат дали е точно дека зад оваа фирма стои братучедот на премиерот Никола Груевски, Сашо Мијалков?
Дали тоа е причината што министерства, општини, јавни претпријатија, училишта, каде што раководат кадри на ВМРО-ДПМНЕ, токму во овој период, имале потреба токму од оваа фирма?, прашува опозицијата.
.jpg)
.jpg)
СДСМ посочи неколку примери:
– Јавното претпријатие за државни патишта, склучила најмалку два договори со СГС во вредност од околу 430 илјади евра, и тоа за обезбедување на наплатни станици. Број на добиени понуди една! И за двата договори.
– И Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски делел тендери на оваа фирма. Град Скопје, исто така склучил два договори со СГС во вкупна вредност од околу 420 илјади евра. Идентично, број на добиени понуди една! Идентично, и за двата договори.
– Како овие 420 илјади евра да не биле доволни, па дополнително, уште 5 средни училишта, под надлежност на Град Скопје, склучиле договори со СГС во вредност од околу 11 илјади евра.
– И министерката за култура од ВМРО-ДПМНЕ, Канческа Милевска, исто така делела бизниси на оваа фирма.
– За обезбедување, мониторинг на локален видео надзор и ПП заштита за објектот „Порта Македонија“ Министерството за култура склучила договор со СГС вреден околу 33 илјади евра.
– Дополнително, Музејот на ВМРО, институција под надлежност на Министерството за култура, исто така склучило два договори со СГС, со вкупна вредност од речиси 57 илјади евра.

.jpg)
– Исто така, и Јавната установа „Национален парк Маврово“ склучила договор со оваа фирма за обезбедување на објекти во вредност од 48 илјади евра. Број на добиени понуди: една!
Дали и на овој начин, преку сопствената бизнис елитата на ВМРО-ДПМНЕ, се испумпуваат милионски суми народни пари?, прашува СДСМ.




