Published: Sunday, February 16, 2014 16:55
СДСМ го упатува Стевчо Јакимовски за претседателските избори да се обрати кај ВМРО-ДПМНЕ кои и така со задоволство ќе му помогнат во собирањето потписи за кандидатот за претседател на неговата партија, вели во соопштение опозициската партија.
-Стевчо Јакимовски одработи за ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, таа соработка одлично им оди и во Советот на општина Карпош и очигледно е ќе ја продолжат и за престојните претседателски избори.
Јакимовски, наместо да се оправдува со најави за суд, по теркот на до него блиските ВМРО-ДПМНЕ, должен е на граѓаните на Карпош да им објасни како има пари за бизниси од околу 120 илјади евра за спортски гаќи, а нема за плати и за другите потреби на општината, се вели во соопштението на СДСМ.




