СДСМ реагира на изјавата на претседателот Иванов дека тој нема ингеренции за аболиција на новинарот Томислав Кежаровски.
-Претседателот Ѓорге Иванов, на самиот крај на својот мандат ја пропушти можноста барем еднаш да покаже дека знае и има волја да работи за интересите на сите граѓани и за иднината на својата земја.
Претседателот Иванов не треба да се прави наивен, тој не е во кохабитација со оваа влада, туку е дел од партиите кои ја сочинуваат владејачката коалиција.
Според законот за помилување министерот за правда може да поведе постапка за помилување на новинарот Кежаровски во кој било стадиум од кривичната постапка.
Делото за кое е осуден Кежаровски не спаѓа во кривичните дела за кои не е предвидена можност за помилување и за кои според Законот за помилување не е предвидено ослободување од кривично гонење.
СДСМ бара од Иванов, да го вложи својот политички авторитет за ослободување на новинарот Кежаровски, како што тоа би го направил секој одговорен политичар, носител на висока државна функција, соопштува најголемата опозициска партија.




