Интегрално соопштение – писмена реакција на СДСМ на соопштението на УЈП за акцијата во с.Страцин
Господине Горан Трајковски,
3200 евра ли е соодветна казна за две мали селски продавнички во коишто производите не чинат повеќе од 500-тини евра? Кои едвај преживуваат продавајки основни прехрамбени производи?
Тоа што го направивте во кратовското село Страцин не ги скрши само сопствениците на продавничките кои не знаат како ќе ја платат огромната казна. Туку направи проблем и на околу 200-те жители на малото селце. Кои треба да пешачат 10 киломентри до најблиската продавничка, или да патуваат до Кратово. За да купат леб и млеко.
Тоа ли се вашите фискални закони и политики на кои се повикувате?
Додека едни исти фирми добиваат милионски суми тендери, да го полните Буџетот на грбот на сиромаштијата?
Тука не станува збор за фискална дисциплина. Туку за нелогични и несразмерни казнени политики. Чии креатори и спроведувачи сте Вие, Груевски и вашата ВМРО-ДПМНЕ.
Механизмите да ги смените се во ваши раце. Но јасно е дека вие немате намера да го секнете изворот што ви ги полни буџетските дупки од вашето расипничко владеење.




