Published: Sunday, September 22, 2013 10:04
СДСМ го достави на медиумите имотниот лист на министерката Гордана Јанкулоска, со образложение:
Гордана Јанкулоска, соочена со вистината, веќе подолго време се користи со недоличен речник, како единствен аргумент на одбрана.
Од Анкетниот лист за имотната состојба на Јанкулоска, може да се види дека во 2011, истовремено, министерката Јанкулоска и нејзиниот брачен другар се стекнале со два стана во вредност од 200 илјади евра. Според пријавеното во Анкетниот лист, таа во Шпаркасе банка има девизи, а не кредит.
Ова е линкот до Анкетниот лист на Гордана Јанкулоска, на страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата, кој ги демантира тврдењата на Јанкулоска, се вели во соопштението.




