Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Го нема Клиничкиот центар најавен од Владата

0
By Нова ТВ on January 2, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 2, 2014 17:07

Во 8-та година од своето камено владеење, Никола Груевски, повторно во најава, информира
за нов Клинички центар во Скопје, реагира СДСМ.

Во соопштението до медиумите се вели дека “уште 2010, на 20 октомври, од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека Владата на Груевски започнала со активностите за проектирање и изградба на нов Клинички центар, но ова е четврта година оттогаш, а нов Клинички центар досега нема.

Што се однесува за најавената изградба на нова Клиничка болница во Штип, ова е 5-то вакво
ветување досега. На изборите во 2006-та година премиерот вети реконструкција на штипската болница. На изборите во 2008, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ повторно ветија реконструкција на болницата. 5 години подоцна, на изборите во 2011, премиерот излезе со ветување за нова болница во Штип. 2 години потоа, на локалните избори во март, Груевски ја вети новата болница за ноември 2013. Во јануари 2014, новата болница во Штип е се уште “во најава“.

За жал, дури ни во најавите на Груевски и на Тодоров соопштени денеска, не се наоѓа одделението за физикална терапија и рехабилитација во Велес, иако заменик министерот
за здравство, пред 4 месеци, на 27 август 2013, соопшти за издвоени 140 илјади евра за
негова реконструкција.

Каде се парите и реконструкцијата може само да се претпоставува. Во меѓувреме пациентите се препраќаат дома да се лекуваат со апчиња, а во болницата, и тоа во мизерни услови, се задржуваат само оние на кои им е неопходен болнички третман.

За неискрените политики на власта во здравството говори и фактот што Владата не дозволува гасификација на Медицинскиот центар Струмица, иако гасот како најевтин енергенс е на достап во овој град, а Груевски и Тодоров, повторно во најава, зборуваат за гасификација на идниот Клинички центар во Скопје.

Од сето ова може да се констатира дека Никола Груевски и во 2014-та продолжи со лицемерните политики на себе рекламирање, на штета на граѓаните на Република Македонија”, се вели во соопштението на СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.