Владејачката партија СДСМ соопшти дека парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените и дополувањата на Законот за стечајци. Со законското решение дополнителни 1.100 стечајни работници месечно ќе добиваат надомест од 9.242 денари до нивно пензионирање или вработување.
– На овој начин реализираме уште едно предизборно ветување и исправаме децениска неправда кон овие наши сограѓани. Досега, го решивме статусот на околу 13.000 стечајни работници кои не по своја вина останале без работа и без регулиран статус. Како одговорна социјалдемократска партија продолжуваме да решаваме долгогодишни проблеми кои водат до унапредување на животниот стандард на граѓаните, се наведува во соопштението од СДСМ.