Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Грижата за здрава животна средина е врвен приоритет на СДСМ – Зелената агенда 4 години е на сила

0
By Ана Василевска on October 9, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Екологијата и одржливиот развој остануваат висок приоритет на Владата предводена од СДСМ и локалните самоуправи, бидејќи чистиот воздух, водите и здравата животна средина се реална потреба на жителите на секоја современа општина која тежнее да биде модерно, удобно и европско место за живеење, стои во соопштението на СДСМ.

„Силната посветеност на реализација на зелената агенда континуирано ја покажуваме на дело. Од сонцето правиме струја. Од ветерот правиме струја. Од отпадот правиме струја. На македонските полиња ќе никнат стотици ветерници и фотоволтаици. Изминатите четири години бележиме значително намалување на загадувањето на воздуот. Тоа е резултат на успешните политики на Владата предводена од СДСМ. За таа цел, продолжува набавката на еколошки јавен превоз за дополнително намалување на аерозагадувањето во градските средини.“, информираат од партијата.

Од таму велат дека  ќе продолжи распределбата на субвенциите за инвертери за греење и за енергетско ефикасни фасади.

„Само со СДСМ која го носи најдоброто продолжуваат инвестициите во одржливиот развој на општините кој носи баланс помеѓу грижата за животната средина и економскиот развој, на тој начин еднакво ќе ги развиваме сите општини во нашата татковина. Дополнително, продолжуваме и со инвестициите во алтернативни извори на енергија, во поставувањето фотоволтаици на покривите на јавни објекти. Нашите мерки и политики за подобро јавно здравје нема да застанат тука. Напротив, ќе започне изградба на модерни депонии кои отпадот ќе го преработуваат во енергија и трајно ќе се решаваат децениските проблеми на депонии и незаконско расфрлање на ѓубре и смет.Како одговорна партија продолжуваме со мерки и политики, со инвестиции за унапредување на квалитетот на животната средина и развој на сите општини во државата“, пишува во соопштението на СДСМ.

локални избори 2021 СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.