Хајката која МВР ја започна против претседавачот на Советот на општина Центар Шиповиќ покажува дека ова е политичка и одмаздничка, а не правна акција, соопштува потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.
-Срамота е да се тврди дека Шиповиќ е во бегство, кога и советниците од ДПМНЕ од Центар знаат дека тој е повеќе од 3 недели во странство заради здравствени причини на член на неговото најтесно семејство, се вели во соопштението.
Тие обвинуваат дека оваа акција е обид на власта да ја блокира општината Центар и да ја погази волјата на нејзините граѓани.
МВР денеска соопшти дека трага по Мирослав Шиповиќ, кој е претседател на Управниот одбор на компанијата, поради сомневање дека бил дел од група што наводно направила финансиски и економски криминал тежок околу милион евра.
Во телефонски разговор за НОВА Шиповиќ рече дека е во САД на операцијата на неговиот суд и дека на 15 месецов се враќа назад.




