Премиерот Никола Груевски бесрамно лаже. Тој по 6-ти пат ги излажа штипјани за болницата во Штип, што ја ветува откако дојде на власт во 2006-та година, велата од СДСМ Штип.
Осум години штипјани чекаат остварување на ветувањата на Груевски и на Тодоров. Последен пат , на 13 декември на трибина во Штип премиерот повикувајќи се на својата “ доследност“ вети конечен старт на изградбата на новата болница во Штип во месец февруари 2014 година. Денеска е 27-ми февруари. Болница во Штип нема!
– На изборите во 2006 година премиерот вети реконструкција на штипската болница.
– На изборите во 2008 година Груевски и ВМРО-ДПМНЕ повторно ветија реконструкција на болницата.
– Бидејќи и по пет години не го реализираа ветувањето, пред предвремените парламентарни избори во 2011 година, премиерот и ВМРО-ДПМНЕ излегоа со ново ветување дека ќе изградат нова болница.
– Две години оттогаш, во 2013, за време на кампањата за локалните избори во март, Груевски пак излезе со ветување дека во ноември ќе стартувала изградбата на новата болница.
– Груевски не може да ги погледне штипјани во очи, па вчера наместо да се појави тој го пушти Никола Тодоров предизборно да се правда за наводната изградба на новата клиничка болница.
– Тодоров вчера најави дека најверојатно од втората половина на март ќе се започне со тендерската постапка, додека датумот за старт на изградбата повторно остана непознат
Во меѓувреме пациентите од источниот регион на Македонија се лекуваат во услови кои не наликуваат ниту на кочини. Тоа се 8-те години лаги на Никола Груевски“ велат од СДСМ Штип.
СДСМ бара власта на ВМРО-ДПМНЕ да престане да си игра со граѓаните на Штип. Тие со плаќањата на даноците придонесуваат за полнење на државниот Буџет и очекуваат наместо Владата на Груевски да го полни Скопје со споменици, итно да покаже одговорност кон реалните потреби на граѓаните.



