Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ со обвинувања кој прави тензии,ДУИ не дозволува крст во Бутел

0
By Нова ТВ on February 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 27, 2016 21:45

ВМРО-ДПМНЕ бара Оливер Спасовски да ги пронајде, уапси и санкционира сторителите на како што велат, бруталното насилство врз Тодор Петров, кое според партијата е доказ за наметнатата деструкција која СДСМ ја произведува во општеството и која веќе нема граници и излегува од контрола.

„Главниот грев на Тодор Петров е дека поднесе иницијатива за оценување на уставност за формирањето на Специјалното јавно обвинителство и што низ легална процедура поднесе иницијатива за градење на крст во општина Бутел.

Последниот случај е доказ за хаосот во кој СДСМ ја втурна државата, но и хаосот во кој што се наоѓаат институциите кои СДСМ ги контролира. Оливер Спасовски е најголем срам за македонската држава. Тој е синоним за кукавичлук, неработење и рушење на државните и национални интереси. Оливер Спасовски е човекот кој ден по акцијата во Диво Насеље не отиде да ги посети повредените полициски службеници туку отиде да се фотографира на местото каде што гинеа македонските херои.

На Оливер Спасовски му порачуваме, наместо да ги инструира неговите најблиски соработници да одат на протести пред Уставен суд и наместо да се занимава со сплетки и интриги, најитно да го реши овој случај“, порачуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Реакција и од опозициската СДСМ. Од партијата велат дека се покажа дека лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ е на штета на државата.

„Соочени со целосно загубена доверба од граѓаните, во страв од одговорност за криминалот и корупција во изминатите 10 години, ВМРО-ДПМНЕ сака да создава тензии и да провоцира инциденти.

Самиот факт што поставувачи на објектите се градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, двете коалициски партии коишто со години се во власта, кажува кои се организаторите на инцидентите.

Со ваквиот неодговорен однос, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ прават штета на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ ги потценува граѓаните на Република Македонија. Не поминуваат провидни сценарија.

Граѓаните се обединети во борбата против корупцијата, криминалот, обединети се во желбата за промени, за враќање на слободата, демократијата и европските вредности во Република Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

ДУИ пак, останува на ставот дека одлуката за поставувањето на крстот е нелегална и провокативна и дека тие ќе најдат начин како да ја спречат изградбата на крстот.

„Ќе ги испробаме сите демократски мерки за да се спречи изградбата на крстот, вклучувајќи можеби и референдум на гласачите во општина Бутел, претставки до институциите, до судовите, врз основа на тоа што ваквата одлука не е фер и оди во спротивност со соживотот во Скопје“, изјави Артан Груби од ДУИ, за 21ТВ.

Од ДПА денеска не се јавија со став, но вчера изјавија дека сето ова е одраз на дволичноста на ДУИ.

„Ваквите инсценирања, како што беше поставувањето на малиот орел од општина Чаир се само одраз на политичката дволичност на ДУИ. Сите овие гадотии имаа за цел да се отвори патот за поставување на гигантскиот крст… Јавно ја прашуваме ДУИ што е следно? Дали ќе ги натераат Албанците пред нивните врати, на нивните дворови, да ставаат крстови и да закачуваат ланчиња со сликите на двоецот Ахмети – Груевски?!“, реагираа вчера од ДПА.

Иницијатор за поставување на крстот во населбатра Бутел е Тодор Петров кој беше нападнат денеска. Иницијативата беше изгласана од советниците на Бутел на 23 февруари, а два дена подоцна градоначалникот Петре Латиновски издаде одобрение за негово подигнување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
ФОКУС
March 16, 2026Updated:March 16, 2026

Нов брз удар по џебот на граѓаните – горивата пак поскапеа

ВЕСТИ March 16, 2026

Значително поскапување на горивата стапува на сила од ноќеска на полноќ, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе…

Молитва за упокоените, гласна тишина и шеесет и три столчиња во Паркот на револуцијата во Кочани

March 16, 2026

Една година од несреќата во Кочани: „2 часот и 32 минути. Во ‘Пулс’. Во тој миг 63 млади срца престанаа да чукаат меѓу нас“

March 16, 2026

Генералниот секретар на ИТУЦ до Мицкоски: Загрижени сме за притисоците врз синдикатите

March 15, 2026
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.