Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

сдсм: Има сериозно лицемерство во изјавите на Љутков за „долгорочни стратегии“

0
By Zoran Ivanov on May 30, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 30, 2026 14:17

Од Комисијата за култура на СДСМ обвинуваат дека додека министерот држи говори за „културна дипломатија“ и „креативни визии“, културниот сектор во државата се соочува со секојдневно понижување, неизвесност и институционален распад.

Според опозицијата, постои сериозно лицемерство во изјавите на Љутков за „долгорочни стратегии“, во време кога ресорот е доведен во една од најтешките состојби во последните години.

Како клучни аргументи за ваквата состојба, од СДСМ ги посочуваат:

– Протестите и револтот во културниот сектор;

-Партизацијата и политичките пресметки на сметка на уметниците;

-Доцнењето на националните програми и блокираните проекти;

-Институциите оставени без визија и основни услови за работа;

-Хаосот во распределбата на буџетските средства и игнорирањето на стручната јавност;

-Целосната неспособност на менаџментот за реализација на капитални проекти.

Министерот денес зборува за „Скопје 2028“, а не може да обезбеди ниту нормално функционирање на ресорот што го води. Особено навредливо е што се повикува на културното наследство, додека во исто време сведочиме на негрижа, урбанистички притисоци и уништување на историски објекти и културни простори низ државата, реагираат од СДСМ.

Обвинувања за „туристичка дипломатија“ во странство

Од СДСМ потенцираат дека за време на досегашниот мандат на Љутков не е отворен ниту еден нов Културно-информативен центар (КИЦ) на Македонија во странство, што според нив ја обезвреднува тезата за развиена меѓународна афирмација. Опозицијата тврди дека наместо системска поддршка за уметниците, министерот го искористил мандатот за лични патувања.

Јавноста гледаше како Љутков три пати го прошета светот по разни опскурни настани и поводи, за кои никој не дозна ниту што биле, ниту зошто било потребно токму тој да присуствува. Наместо системска културна дипломатија, добивме туристичка дипломатија на министерот, обвинуваат од партијата.

Компарација со претходното владеење

Од СДСМ направија паралела со периодот кога тие раководеле со извршната власт, потсетувајќи дека во тоа време биле реализирани најголемите инвестиции во културата, била зголемена поддршката за уметниците и било вратено достоинството на културните работници.

Опозицијата заклучува дека актуелната власт, наместо да гради европска престолнина на културата, го претвора Скопје во „престолнина на импровизацијата, кичот и политичката самопромоција“, порачувајќи дека зад големите зборови на министерот нема реални резултати туку само „пропадната ПР-претстава“.

 

клултура лицемерие Љутков СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.