Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Ивона Талевска партнер на власта во бизнисот со здравство

2
By Нова ТВ on January 10, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 10, 2014 14:52


Еве колку ги чинат граѓаните на Република Македонија оние кои одработуваат за Никола Груевски и неговата Влада. Според оваа фактура, најмалку 40 илјади евра, за уредник, по зделка, рече Петре Шилегов на прес конференција денеска. Во продолжение ви го пренесуваме интегралниот текст од прес конфернецијата на СДСМ.

-Имено, омилената уредничка на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ во телевизија Сител, Ивона Талевска, главен и одговорен уредник и во весникот Вечер, била и омилен бизнис партнер на власта во секторот здравство. Дека уредничката се извештила во успешен трговец, говорат овие 40 илјади евра од сметката на семејната фирма на Талевски.

Според овој документ, Талевска, 25 дена пред Нова Година, склучила бизнис со Клиниката за радиологија во Скопје, тежок, најмалку 40 илјади евра. Станува збор за апарат што Клиниката за радиологија одлучила да го набави токму преку фирмата на Талевски, Визарис.

Оваа фирма, Визарис, е во сопственост на мајката на Ивона Талевска, Лимба Талевска и на извесен Марко Петровиќ од Белград.Значи основана со мешовит српско – македонски капитал. Тоа го покажуваат податоците од овој официјален документ од Централниот регистер на Република Македонија, изваден пред 10 дена. Самата уредничка, Ивона Талевска, како што е наведено на фактурата тешка 40 илјади евра, е лице за контакт во Визарис.

Фирмата на Талевска, Визарис, е регистрирана за трговија со медицинска опрема, апарати и информациони системи во здравството. Интересно, седиштето на фирмата Визарис, чиј сопственик официјално е мајката на Ивона Талевска, е во Градскиот парк во Скопје, на Градски стадион, без број. Очигледно ќерката уредичка има повеќе работни ангажмани на оваа адреса.

Ивона Талевска освен уредник на вести е и лице за контакт за трговија со медицинска опрема, а нејзината мајка Лимба, од работничка, техничко лице во Македонската телевизија напредува во сопственичка на фирма, партнер достоен за Владата на Груевски за опремување клиники.

Ги повикуваме премиерот Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров да кажат дали ова е уште еден од начините на корупција на медиумите, бидејки очигледно дека владините реклами не се единствениот механизам на власта за контрола на медиумите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.