„Христијан Мицкоски не ја разбрал или не сакал да ја разбере суштината на поканата за средба“, реагираат од СДСМ, од каде велат дека избори нема да има, но сите политички чинители треба да се посветат на надминување на економските предизвици и финансиска поддршка на граѓаните.
„Во ек на економска криза кога лидерите во светот зборуваат за поддршка на граѓаните, тој поставува услови за средба само ако има предвремени избори. Избори значат нов трошок, нова неизвесност и нов застој на целата економија. Покрај ова, новата владата предводена од СДСМ и Димитар Ковачевски има полн капацитет и целосен легитимитет да го истера мандатот до крај, односно до 2024 и оттаму избори не се во план“, се вели во реакцијата од СДСМ.