Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ ја поздравува постигнатата усогласeност околу Изборниот законик

0
By Нова ТВ on January 15, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 15, 2014 15:13


„Со издржаноста на нашите аргументи успеавме да ја примораме владата да ги прифати клучните наши барања кои што кореспондираат и со забелешките на ОБСЕ/ОДИХР“, изјави пратеничката на СДСМ, Цветанка Иванова.

За СДСМ ова претставува устен договор кој очекуваме да биде изгласан во Собранието на Република Македонија соодветно на договореното, значи без измени и амандмански интервенции.

Според Иванова клучен тест за практичната реализација на договореното ќе бидат претседателските избори оваа година, каде на дело ќе се покаже дали власта навистина сака да организира слободни, фер и демократски избори.

Како што таа информираше усогласено е прашањето околу гласањето во дијаспората, целосно да биде договорено пред следните парламентарни избори.

„Сакам да ја информиран јавноста дека е постигната и усогласеност за одделување на државата од партијата, забрането е отпочнување со градби, фрлање на лопати, пуштање во употребата на објекти изградени со буџетски средства.

– За непочитување на оваа одлука предвидена е затворска казна од 6 месеци до 1 година.

– Забрането е да се врши исплаќање субвенции, плати, пензии, социјална помош и др. материјални надоместоци од буџетски средства кои не се редовни месечни примања како и исплаќање на годишни трансфери од буџетот.

– За секој носител на јавна функција кој што како во минатото ќе се осмели исплати субвенции, плати, пензии, социјална помош и други материјални надоместоци од буџетски средства како во минатото ќе биде се соочи со казна затвор од 3 година до 5 години“, рече Иванова.

Еве ги останатите детали од Изборниот законик:

– Обврска на министерот за финансии да ги објавува сите финансиски исплати во изборен период и обврска да достави изборен финансиски извештај со преглед на сите планирани и реализирани приходи и расходи во буџетот. За непочитување на оваа одлука е предвидена казна затвор од 6 месеци до 1година.

– Кога станува збор за избирачките списоци, договорено е МВР да врши ажурирање на списоците 4 пати во годината. Посебен извод на лица кои на денот на изборите се во странство. Партиите да можат да бараат корекција на избирачкиот список.
Донациите се ограничени на 50илјади евра вклучително и за медиумите.

– Радиодифузерите да обезбедат избалансирано медиумско преставување. Известувањето за редовните активности на државните органи или општините во изборниот процес не смее да биде во корист на ниту еден политички субјект. Новинари уредници презентери не смеат да учествуваат во предизборни активности во политички партии.

– Забрана за платено политичко рекламирање од денот на распишување на изборите до почеток на изборна кампања. Од денот на распишување до денот на избори забрана за објавување на реклами финансирани од буџет на РМ општини и јавни претпријатија.

– Ограничено рекламирање на 12 минути. Во текот на изборната кампања. На еден час реална телевизиска програма. Јавно утврдување на ценовник и објавување на листи не смеат да се менуваат ценовниците.

– МРТ за време на изборна кампања обезбедува рамноправен пристап во информативната програма една третина за настани од земјата една третина за настани од владата и една третина за настани на опозицијата. За непочитување следува разрешување на директорот.

– Собранискиот канал ќе обезбеди бесплатно рекламирање по 3 часа на опозиција и 3 часа на власта.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.