Published: Monday, May 5, 2014 19:02
По реакцијата на МВР за оценките за улогата на оваа институција на изборите од страна на СДСМ, со писмена реакција се огласи СДСМ.
-Гордана Јанкулоска ја посрами државата, наоѓајки се поради својата непрофесионалност, во Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, што го читаат Брисел, САД, светот.
Тоа е срамно.
Јанкулоска, ако имаше срам, не ќе можеше да ги погледне в очи полициските службеници, за штетата што и ја нанесе на полицијата, а не да се поистоветува со нив.
Полицијата за време на изборниот процес беше злоупотребена од Гордана Јанкулоска и нејзиниот партиски шеф Никола Груевски, реагира СДСМ.




