Published: Tuesday, April 14, 2015 14:38
На една од снимките од телефонските разговори коишто пред малку ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, министерката Гордана Јанкулоска и шефот на премиерскиот кабинет Мартин Протоѓер договараат да го вработат шоферот на Протоѓер на позиција кадешто или нема да работи или ќе подработува малку.
Како што вели Јанкулоска, „да куца карички некаде“.
Јакулоска предлага овој партиски член да го земе во МВР и да работи со возниот парк, а да подзавршува некоја работа во штаб. Дополнително, иако Протоѓер вели дека човеков треба да биде негов возач, тој всушност само едаш го возил бидејќи како што објаснува „се изгубиле“.




