СДСМ не е виновен што аферата ,,Шпион” Јанкуловска и МВР ја водат крајно аматерски, реагираат од опозицијата.
Според нив Јанкуловска и МВР се виновни што дозволиле, доколку е обвинението издржано, осомничените лица во период од две години додека траела истрагата, непречено да оддаваат држави тајни на други земји.
СДСМ не е виновен што МВР под раководство на Гордана Јанкуловска дозволило шефот на кабинет на Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, непречено, во период од две години да издава државни тајни на Република Македонија.
СДСМ не е виновен за ова што ѝ се случува на министерката Јанкуловска. За нејзините постапки е виновна и одговорна единствено таа и нејзиниот ментор Никола Груевски.
Во нормална држава, за вакви скандали паѓа не само министер, туку и цела влада. За жал, во изминативе седум години, Никола Груевски од Македонија создаде сѐ, само не нормална држава.




