Published: Saturday, September 21, 2013 17:52
Гордана Јанкулоска, соочена со вистината, веќе подолго време се користи со недоличен речник, како единствен аргумент на одбрана, велат во СДСМ.
Според опозицијата од Анкетниот лист за имотната состојба на Јанкулоска, може да се види дека во 2011, истовремено, министерката Јанкулоска и нејзиниот брачен другар се стекнале со два стана во вредност од 200 илјади евра. Според пријавеното во Анкетниот лист, таа во Шпаркасе банка има девизи, а не кредит.
Тие го објавуваат и Анкетниот лист на Гордана Јанкулоска, на страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата, кој ги демантира тврдењата на Јанкулоска.




