Published: Wednesday, March 11, 2015 17:25
Од центарот за комуникации со јавноста на Социјалдеморактскиот сојуз на Македонија (СДСМ) попладнево реагираа писмено на изјавата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во која што таа го повика нејзина оставка да бараат во Собранието.
-Гордана Јанкулоска не е во позиција да одредува процедури. Јанкулоска е меѓу оние поради кои Владата на Никола Груевски нема легитимитет и мора да замине, се вели во реакцијата.
„Во мојата политичка кариера, СДСМ и други политички партии во повеќе наврати иницирале таква постапка и во една демократска процедура и соодветните институции се изјасниле по однос на нивното барање“, рече Јанкулоска на денешната прес-конференција во МВР во однос на барањата од страна на опозицијата.




