Ги повикуваме премиерот Груевски и градоначалникот Марјан Ристески, да кажат, каде и во кои фирми и фабрики се вработиле над 17 илјади прилепчани, како што тврдат? Или, каде се вработија речиси 5-те илјади граѓани, оваа година?, изјави денеска Филип Попоски од СДСМ, Прилеп.
Тој ги презентираше официјалните податоци, според кои во декември 2006 година во Прилеп имало 24.402 невработени граѓани, во септември 2013 година има 7.082 невработени.
“Ова значи, дека за 7 години во Прилеп се отвориле дури 17.320 нови работни места.
Или, според истата официјална статистика, само во 2013 година, во Прилеп се вработиле 4.840 граѓани“, констарираше Попоски.
Тој праша дали е тоа во 37-те нови фабрики, што ги ветија, а никако да се појават во слободната економска зона „Алинци“? Која со години стои празна, без никаква инфраструктура. Или во некои други, исто такви имагинарни фабрики и погони, видливи единствено за Груевски, Ристески и власта.
Прилеп е рекордер по невработеност во Македонија, во оваа наша држава, со најголема стапка на невработеност во Европа.




