Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Како Сашо Мијалков не пријавил “ситница“ дека купил фирма во Чешка?

0
By Нова ТВ on November 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 8, 2013 16:30

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку блиските медиуми, повторно да се обидат да докажат некаква незаконитост во работењето на фирмите на семејството Заеви и во доделувањето тендери во Општина Струмица, реагира СДСМ.

-Порталот Нетпрес објавува дека Трајче Заев, првиот братучед на градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, како малцински акционер кој поседува само 12 отсто акции во АДГ Пелагонија, имал одлучувачко влијание како и на кој начин фирмата стопанисува, конкурира и добива или не добива тендери.

По која логика акционери со вака мал удел во вкупната сопственост можат да имаат одлучувачко влијание во работењето на фирмата?

Штабската операција на ВМРО-ДПМНЕ преку Нетрпес и останатите медиуми што ги контролира, е неуспешен обид да се одвлече вниманието од клучните прашања во фокусот на интерес на македонската јавноста.

А тоа се:

-Како првиот братучед на премиерот Никола Груевски, директорот на УБК, Сашо Мијалков си играл “весела математика“ и колку нули додал или одземал во износите на вредноста на неговиот имот што го пријавил во Анкетниот лист доставен до Државната комисија за спречување на корупцијата? Тој технички ја згрешил разликата во вредноста на имотот, од засега потврдените и признаени од негова страна, 700-тини илјади евра.

-Како тоа Сашо Мијалков не пријавил “ситница“ дека купил цела една фирма во Чешка?

-Зошто државниот орган, Антикорупциската комисија, му служи како алиби и се става во улога на заштитник на Сашо Мијалков во несовпаѓањето на неговата пријавена и вистинска имотна состојба?

-Зошто официјалната интернет страница на МВР, Сашо Мијалков ја користи како сопствен информативен билтен и преку него одговара на поставени прашања што се однесуваат на неговата лична имотна состојба?

Ова се само дел од прашањата за кои од Никола Груевски и Сашо Мијалков јавноста очекува одговор, соопштува СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.