Катица Јанева ниту била, ниту е член на СДСМ, реагираат од СДСМ.
„Центарот за лаги и манипулации на Никола Груевски се обидува да го теши членството кое се повеќе е нервозно и ја изуби довербата во фамилијата. За сите злодела, криминалците од власта ќе одговораат“, се вели во соопштението.
Реакцијата доаѓа откако дневен весник објави дека специјалната обвинителка Јанева имала партиска книшка од СДСМ, потпишана од поранешниот партиски претседател Бранко Црвенковски.