Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Коце Трајановски крена раце од гасификација на Скопје

0
By Нова ТВ on September 26, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 26, 2013 13:45


Денес ќе се одржи собрание на акционери на А.Д Енергетика на која треба да се донесе одлука за престанок со работа на акционерското друштво, соопшти денеска Драги Давчевски, советник во Град Скопје од редовите на СДСМ.

Според него ова А.Д. во изминатите неколку години не направи ништо за реализацијата на гасификацијата на Скопје и често беше предмет на наши критики и укажувања дека не функционира според замислата заради која што е формирано.

„Лошата поставеност на акционерското друштво и функционирањето преку семејни спреги доведоа ова друштво да не може да ги задоволи очекувањата на скопјани туку само на одредени поединци. Сугериравме решенија но без ефект“, рече Давчевски.

Тој пред новинарите рече дека градоначалникот Коце Трајановски дефинитивно се откажал од проектот гасификација на Скопје како концепт, како потреба на скопјани и како ветување дадено во неговата предизборна програма 2013.

Коце Трајановски крена раце од гасификацијата на Скопје. Идентично како што крена раце и од суштинскиот развој на градот, од борбата за почист воздух, истакна советникот од СДСМ.

Дали нема идеја или не знае, или пак некој така му рекол да направи ќе дознаеме во наредниот период.

Демант од Град Скопје

Ги демантираат информациите изнесени на прес-конференцијата на СДСМ и сака да нагласи дека градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, не се откажува од проектот за гасификација на Скопје.

„Процесот на гасификација на градовите во Република Македонија, според законските надлежности, е во рацете на Владата на Република Македонија, а Градот Скопје е должен да ги координира сите свои активности на тој план со централната власт. Во тек е изработката на комплетна студија за гасификација на Република Македонија, во која детално ќе се опфати и разработи и процесот на гасификација на Скопје, со што реално ќе се согледаат сите можности за воведување гасификација во градот“, велат од Град Скопје.

Градот Скопје реагира и на тврдењето дека „Ако градоначалникот имаше искрени и сериозни намери можеше гасификацијата и досега да ја почне а не да го чека кракот од јужниот поток, кој прашање е дали и кога ќе биде. Гасот го имаме до Скопје и некои стопански субјекти одамна го користат“, како што беше речено на пресот на СДСМ.

Тие го потсетуваат СДСМ дека средните училишта на Град Скопје „Георги Димитров“ и „Здравко Цветковски“ од почетокот на годинава се греат на гас.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.