Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ кон Ѓорчев: Зошто ја одбравте ФИРОМ во ЕПП?

0
By Нова ТВ on September 29, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 29, 2013 14:42

СДСМ по обвинувањата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев кон заменик-претседателката на опозционерите Радмила Шеќеринска, реагира за штетите кои ДПМНЕ ги прави со своите политики.

-ВМРО ДПМНЕ и понатаму се обидува своите катастрофални политики на изолација и бесперспективност да ги оправда преку барање на виновници и сеење на магла и лаги.

Власта која нема одговор на ниту едно од прашањата кои си ги поставуваат македонските граѓани одбира да лаже за тоа кој навистина го влошува имиџот на Македонија и ги нарушува нашите позиции во спорот со Грција околу нашето уставно име.

Вистината е дека токму неодговорните и недемократски политики на ВМРО- ДПМНЕ и нанесуваат непоправлива штета на Македонија.

И нанесува непоправлива штета фактот дека во Македонија секоја година тонат, на сите објективни листи, медиумските слободи. Се затвараат медиуми, се ограничува слободата на изразување.

На Македонија и причинува ненадоместлива штета фактот дека судовите носат одлуки по партиска мерка, дека највисоката сиромаштија во Европа е регистрирана овде, токму во Македонија.

На Македонија и нанесе ненадоместлива штета дека власта, владата и претседателот на македонското Собрание наредија најдиректно да се крши македонскиот Устав и македонските закони, со исфрлањето и на опозицијата, меѓутоа и на новинарите од законодавниот дом.

Ова се работите коишто постојано ја поткопуваат македонската преговарачка позиција. Ова се работите коишто Македонија секојдневно ја кочат во нејзиниот оправдан пат кон европско членство и членство во НАТО.

Сакаме воедно да ја потсетиме така наречената патриотска партија којшто сите ги обвинува дека недоволно ги бранат позициите на државата, помалку да ја брани државата на зборови, а повеќе на дела.

Токму квази патриотите од ВМРО ДПМНЕ се согласиле нивната партија да биде примена во асоцијација на конзервативни партии – ЕПП, односно, до ВМРО ДПМНЕ да стои најлошата формулација за кратенка која било кога сме ја виделе – ФИРОМ.

За разлика од ВМРО ДПМНЕ, СДСМ во т.н. Социјалистичката интернационала е дефиниран како Социјалдемократски сојуз на Македонија, соопштува оваа партија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.