СДСМ ги повикува владите на Република Косово и Република Македонија да престанат со политиката на инаетење и меѓусебни провокации и да преземат итни мерки за надминување на трговската блокада што сериозно ги загрозува односите меѓу двете земји.
Опозицијата ја повикува Владата на Република Косово веднаш да ја укине одлуката за забрана на увоз на одредени производи, што претставува еден вид трговско ембарго кон Република Македонија.
Од СДСМ со повик до Владата на Република Македонија веднаш да ја укине одлуката за дополнителни давачки за граѓаните и превозниците од Косово при влез во Македонија.
Притоа, бараме, велат од СДСМ од владите на двете земји да ги почитуваат меѓународните конвенции и договори за непречено движење и размена на луѓе, стока и капитал помеѓу државите.
Потенцираме дека владите на Република Косово и Република Македонија имаат обврска да постапуваат и да носат одлуки исклучиво во насока на градење блиски и пријателски односи меѓу граѓаните и интензивирање на соработката на бизнис заедницата на двете држави.




