СДСМ незадоволни од одговорот што ќе се мониторира со Кулата на Водно, денеска повторно побараа одговор за намената на планираната 155 метарска Кула на Водно.
„Белграѓани, за нивната кула Авала, највисока на Балканот, платите 8,5 милиони евра. А скопјани за иста таква Кула, зборуваме само за нејзината градба, ќе платат 17,7 милиони евра. Невозможно е градежните материјали за 6 ипол години толку многу да поскапат“, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.
– Ова е уште еден случај на безмилосното мегаломанство на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, врз грбот на граѓаните, за кое нема граници кога се работи за нивните тесно-партиски интереси.
– Близу 18-те милиони евра, наместо за Кула на Водно, можеше да се искористат, на пример, за ново средно училиште во Аеродром, или нов мост меѓу Ѓорче Петров и Карпош. Или со нив да се покријат барем дел од трошоците за новите два автопата, за коишто државата само што се задолжи кај Кина, зголемувајки го јавниот долг на државата.
СДСМ инсистира Груевски да ја објасни потребата од 18 милиони евра вредната градба на Водно и точната намена на Кулата.




