Published: Monday, October 14, 2013 14:38
Лото шоуто со социјалните вработувања во „Македонски шуми“ го потврди непотизмот во државава, истакна денеска Васко Ковачевски, претседател на ОО СДСМ, Битола.
„Една од избраните, што случајно ја извлече компјутерот е извесна В.Ш., која „случајно“ е сопруга на актуелниот советник и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Благој Шаклевски. Уште една, што „случајно“ ја извлече компјутерот е извесната Б.М.К., која исто така „случајно“ е родена сестра на бизнисменот, вечниот советник, ек-градоначалник и поранешен координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Златко Милошевски. Многу случајности на едно место“, истакна Ковачевски.
Тој прашува дали во сите 23.000 апликации за социјални вработувања, немало позагрозени од роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ.




