Зошто после речиси една недела од објавувањето на наводите за следење на Христијан Мицкоски ниту директорот на АНБ, Бојан Христовски, ниту премиерот Христијан Мицкоски не ја отпочнаа процедурата за декласификација на документите кои би ги докажале наводите на власта?, вели на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.
Зошто самиот тој не побара декласификација на документацијата од Агенцијата за национална безбедност во која наводно бил следен?
Од што се плаши Христијан Мицкоски?
Дали можеби Мицкоски се плаши од декласификација на овие документи затоа што ќе ги потврдат индициите за милионски криминал во случајот со т.н. „Делчевски ниви“?, праша таа.
Богданка Кузевска потсети дека во случајот „Делчевски ниви“ биле инволвирани најблиските соработници на Мицкоски меѓу кои член на неговото лично обезбедување како и тогашниот директор на Белата палата, односно Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.
Дали овие документи кои Мицкоски одбива да ги декласифицира покажуваат дека шефот на организираната криминална група која се стекнала со корист во илјадници евра е токму Христијан Мицкоски?
Дали во овие документи има сериозни индиции за повторно нелегало финансирање на ВМРО-ДПМНЕ како и индиции за организиран криминал и корупција?, упати прашања Кузевска на прес конференцијата.
Таа рече дека постапката за декласификација на овие документи е едноставна и би ги разрешила сите дилеми кои ги има во јавноста.
Одбивањето на декласификација на овие документи ќе биде доказ дека Мицкоски како тогаш така и денес не може да излезе од криминалната матрица и негова единстгвена цел е личното богатење, потенцираше потпаролката на СДСМ.