Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: На Македонија и се случува недемократски системски крах

0
By Нова ТВ on May 3, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 3, 2014 18:46

На Македонија и се случува недемократски системски крах. Загрозени сите основни демократски права, загарантирани со Уставот, вклучувајки го и правото на слободно изразување.

Нема институција којашто не е под директна контрола на групата на власт на чело со Никола Груевски, вклучувајки и најголем дел од медиумите, како важна системска алка помеѓу државата, односно власта, и нејзините граѓани.

Затоа Фридом Хаус во последниот извештај ја рангира Македонија во групата со Кенија, Конго и Уганда, посочувајки дека само три поени ја делат земјава од категоријата држава со целосно неслободни медиуми.

Затоа според Репортери без граници, денес Македонија е падната за над 80 места според слободата на медиумите, во однос на 2009 година.

Затоа ОБСЕ/ОДИХР во Извештајот за последните претседателски и парламентарни избори, за прв пат толку директно, нотираше: контрола на владеачката партија врз најголем дел од медимуте, недостаток од политички анализи и независно истражување како широко распространета појава, пристрасно известување за власта, нерамноправно и небалансирано известување на јавниот сервис, Македонската Радио Телевизија.

Затоа, Македонија е единствената земја во регионот со казна затвор за новинар, за напишан текст. Македонија е земја во којашто медиумите работат под тешката рака на инструментализираното судство, соочувајки се со огромни казни во илјадници евра.

Затоа Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, наместо самостојно и независно регулаторно тело, е алат во рацете на власта за пресметка со малкуте медиуми, кои под сите овие околности, пркосат на браникот на професионалноста.

Социјалдемократскиот сојуз, на светскиот ден на слободата на медиумите, ги охрабрува медиумските работници да истрајат во обврската и одговорноста што ја имаат во општеството и кон јавноста, за професионално и објективно информирање.

Социјалдемократскиот сојуз порачува дека како одговорна политичка партија, ќе ги преземе сите неопходни мерки и чекори за враќање на слободата и демократијата во Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.