“Овој предлог закон е еден од првите што ќе ги поднесеме во Собранието, затоа што наша цел е сите граѓани да имаат достапни болнички услуги.
Со измените, целосно ја укинуваме болничката партиципација за сите осигуреници. На овој начин никој нема да остане без болничка услуга само заради тоа што нема пари да плати”, вели СДСМ.
И додава дека според Фондот за здравствено осигурување за 2016 година, 220.000 граѓани лани користеле болничко лекување а околу 420 милиони денари годишно досега граѓаните плаќале за да се лекуваат во болниците.
“Како што е предвидено во Програмата на новата Влада, а тоа е преточено и во законот, овие трошоци на граѓаните ќе ги покрива државата”, ветува СДСМ.