Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Наместо панорамско тркало изградете ја подземната сообраќајница

0
By Нова ТВ on January 21, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 21, 2014 21:36


Градот ќе се задолжи со 5 милиони евра за подземната сообраќајница од мостот Гоце Делчев до почетокот на булеварот Кузман Јосуфовски Питу.

Реагираше опозицијата според која градоначалникот Трајановски повторно предлага да донесеме одлука за задолжување на градот Скопје преку издавање општински обврзници за изградба на подземната сообраќајница.

„Ова е повторување на одлуката од минатата година кога градот воопшто не успеа да изнајде финансии ниту да го започне овој значаен капитален проект. Советниците од Сојузот за иднината сметаат дека во овој момент нема никаква потреба од нови задолжувања за Градот Скопје затоа ние предлагаме средствата наменети за овој значаен
капитален и витален проект за граѓаните на Скопје да се обезбедат од прераспределба на
средствата од буџетот на Градот Скопје за 2014 година наменети за панорамското тркало
барокните фасади и неколку други непотребни проекти“, изјави денеска Предраг Трпевски, советник во град Скопје од опозицијата предводена од СДСМ.

Според него со ова градот нема да де задолжи за дополнителни 5.000.000 евра и ќе се избегне плаќањето на камати со парите на граѓаните на Скопје. Подземната сообраќајница е капитален проект на градот Скопје.

Советниците на власта пак велат дека не станува збор за ново задолжување, туку за спроведување на тендерска постапка која првично падна поради високите понудени суми од пријавените компании.

Најавата на Градот за изградба на уште два плоштада во центарот на градот, еден пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, објект што во моментот се гради (плоштад ВМРО) и уште еден во делот помеѓу објектот на Министерството за надворешни работи и МОБ (плоштад Мајка Тереза), денеска се најде на дневен ред пред градските советници.

Според најавата, пари за изградба на плоштадите ќе се обезбедат буџетот на Градот и од Министерството за култура.

Опозицијата предложи оваа точка да се симне од дневен ред, бидејќи изградбата на плоштадите не е во надлежност на градската власт, туку на општина Центар.

„Сакаме да потсетиме дека Коце Трајановски не може да ги менува законите и правилата на игра според потребите на ВМРО-ДПМНЕ. Тие работи се јасно дизајнирани со законската регулатива. А, граѓаните на Општина Центар, на последните избори свртеа грб на проектот „Скопје 2014“, за чиј дел можат да се сметаат и овие позиции“, рече Софија Куновска, координатор на советничката група на СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.