Published: Wednesday, May 7, 2014 12:56
Социјалдемократите не дојдоа на врачување на уверенијата од страна на ДИК за пратеничките места кои ги освоија на предвремените парламентарни избори кои се одржаа последната недела од Април.
Државната изборна комисија вчера ги соопшти официјалните конечни резултати од изборите. Опозицијата, односно СДСМ, која освои 34 пратенички места соопшти дека нема да ги прифати мандатите, а деновиве тоа се потврди и со заверени нотарски изјави од сите нивни кандидати на листите за пратеници. Покрај СДСМ, и Руфи Османи најави дека НДП не го прифаќа мандатот на нивниот единствен освоен пратеник. Во моментов, идниот парламент на Република Македонија го сочинуваат 61 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, 19 пратеника од ДУИ, 7 од ДПА и 1 од ГРОМ.




