Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Не ги прифаќаме пратеничките мандати и го поддржуваме Заев

0
By Нова ТВ on May 1, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 1, 2014 14:27

Едногласно, Централниот одбор на СДСМ, вчеравечер, ја прифати одлуката на Извршниот одбор за неприфаќање на мандатите на избраните пратеници во Собранието на РМ, соопштува СДСМ.

-Централниот одбор на СДСМ цврсто стои зад оценките дека поради системскиот притисок на власта врз граѓаните и изедначувањето на државата со партијата на власт, гласачите беа оневозможени да гласаат слободно.

Изборите за претседател на државата и предвремените парламентарни избори се спроведени криминално, нефер и недемократски.

Не постојат институции во државата, што можат да го констатираат тоа и да постапат согласно интересите на граѓаните на Република Македонија.

За тоа говори игнорирањето од надлежните институции на над 170 приложени забелешки од страна на СДСМ во предизборието. Еден од конкретните примери за тоталната контрола на власта врз државата во целина, е молкот, буквално на сите институции, одговорни за постапување по коруптивниот случај “Македонска банка“, во којшто е директно инволвиран Никола Груевски. Ова лице, без никаква одговорност, влегува во формирање нова Влада, со што продолжува дерогирањето на системот на државата.

Централниот одбор на СДСМ едногласно ја потврди одлуката на раководството на СДСМ за непризнавање на изборниот процес.

Централниот одбор му даде поддршка на раководството на СДСМ, предводено од претседателот на СДСМ, Зоран Заев да продолжи со прецизирањето на активностите на СДСМ во насока на создавање услови за организирање фер и демократски избори во Република Македонија.

Централниот одбор на СДСМ донесе одлука за одржување на 18-от Конгрес на СДСМ на 11-ти мај, на којшто ќе биде разгледан Извештајот за претседателските и парламентарни избори 2014 и ќе биде утврдена довербата во органите на партијата.

Синоќешната обемна дискусија на седницата на Центалниот одбор, кадешто беа разменети мислења за сите важни прашања поврзани со дејствувањето на СДСМ, како партија на којашто во преден план и е заштитата на интересите на граѓаните и на Република Македонија и едногласните одлуки на ЦО, го покажуваат уште еднаш на дело демократскиот капацитет на Социјалдемократскиот сојуз, да биде предводник на тие процеси во државата, соопштува СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.