СДСМ реагира на писменото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во врска со прес-конференцијата на Ленче Николовска.
„ВМРО – ДПМНЕ е избезумена од предлог мерките на СДСМ во сферата на земјоделието, поради крајно позитивните реакции на земјоделците. Денешното формирање на Советот за земјоделство и рурален развој, најавата дека СДСМ интензивно ќе работи на терен и дека ќе одговори на сите проблеми што ги мачат земјоделците дополнително ги затекна ВМРО – ДПМНЕ. За разлика од ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ не ги дели земјоделците по партиска линија, како што тоа го прави власта која ги злоупотребува државните мерки за притисок и корупција“ – соопштуваат од СДСМ.
Оттаму додаваат дека субвенциите се државна а не партиска мерка и дека на земјоделците им следуваат со закон.
„Субвенциите ќе ги има со таа разлика што владата на СДСМ ќе ги исплаќа навреме, кога најмногу им се потребни на земјоделците. Со примена на мерките на СДСМ за правична и навремена распределба на субвенциите ефектите не само што ќе се зголемат, туку и ќе се мултиплицираат. Злоупотребата на одредени земјоделски здруженија најдобро говори за тоа што мисли ВМРО – ДПМНЕ за земјоделците и за какви цели сака да ги искористи“ – истакнуваат од СДСМ.




