Навршуваат две години од смртта на претседателот Киро Глигоров, првиот претседател на независна и суверена Република Македонија.
По повод две годишнината од неговата смрт, делегација на СДСМ предводена од Потпретседателот Дамјан Манчевски, денеска ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на Претседателот Киро Глигоров.
„Претседателот Глигоров беше архитект на независна Република Македонија. Неговиот придонес во етаблирањето на Македонија на меѓународната политичка сцена е исклучително значаен. Особено, имајќи ги во предвид околностите во регионот и војните кои беснееја на почетокот на деведесетите години. И покрај сериозените предизвици со кои се соочуваше нашата држава, тој успеа да ја се избори за Македонија, да ѝ обезбеди достојно место на меѓународната сцена, да ги преброди внатрешните кризи и да обезбеди економска, политичка и меѓународна стабилност на земјата.
После сите овие години, претседателот Глигоров останува запаметен како човекот што се вгради во македонската државност.
СДСМ и сите граѓани на Република Македонија со пиетет се сеќаваат на маркантните достигнувања кои претседателот Глигоров ги оствари за Република Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.




